(Видео) Калајџиев за 27 април: Ова не е тepopизам, не се суштински исполнети обележјата на делото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Гордан Кајалџиев, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за настаните од 27 април, односно за правната квалификација на делото за кое беа осудени уставобранителите, истакна дека таа во конкретниот случај зависи од намерата која ја имале уставобранителите.

„Намерата е деликатна во кривичното право. Многу е тешко да се оквалификува како тероризам еден настан, со оглед на тоа дека тероризмот оди со повеќе дејствија, организирана група, а многу е тешко да се конструира од еден настан, исцениран, којшто е резултат на некоја акција да го оквалификувате како тероризам заради насилството, или пак дека директно е насочен против уставниот поредок со намера да се направи преврт. Нема логика, казната вооружен бунт којшто би значел група луѓе организирани против државата со оружје, каде се предвидува казна затвор од најмалку пет години, од пет до 20 години, а за ова дело има дури и потешки казни, по мене не се суштински исполнети обележјата на делото, очигледно дека тука намерата не е трајна и издржана намера која е јасно изразена, па тука не можеме да кажеме за најголем дел од луѓето е тешко да се конструира намера за вршење на преврат на власт без да се има поголемата слика, појасни Калајџиев.

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This