(Видео) Калајџиев: Kaзните за oбвинeтите од 27 април се дpaконски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Гордан Кајалџиев, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за барањето на народот за повторно судење за осудените за настаните од 27 април, истакна дека за вакви настани кои се од особен интерес за јавноста, универзитетските професори се должни да истапат и да земат учество, но и да ги разјаснат фактите за пошироката јавност. Калајџиев потенцираше дека најмеродавен, во светски рамки, за да ја изрече правдата е Судечкиот совет. Тој нагласи дека казните на осудените за настаните од 27 април се драконски.

„Во светски рамки се смета дека најмеродавен за да ја изрече правдата е Судечкиот совет во смисла дека тие имале доволно можности заедно со другите странки во постапката да имаат увид во сите детали, утврдените факти, степенот во кои тие се утврдени. И носат една огромна одговорност дека степенот на докажаност на тие факти, според обвинението, доколку има осудителна пресуда, е на тоа ниво, да можат да се изречат толку тешки пресуди. Казните во предметот се навистина драконски“, истакна Калајџиев.

Емисијата во живо можете да ја следите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This