- Advertisement -
На заедничката прес конференција со чешкиот премиер, Андреј Бабиш, одржана во владата на С Македонија, македонскиот премиер, Зоран Заев истакна дека нашата земја не бара веднаш да стане членка на Европската унија, туку бараме да продолжи мотивацијата од ЕУ, преку овозможување на почеток на пристапните преговори, пренесува Алсат.
„Кога ќе биде подготвена Унијата, кога ќе бидеме подготвени ние, тогаш и ќе станеме членка на Унијата“, рече Заев.