(ВИДЕО) КОЈ БИ ПОВЕРУВАЛ: Една од најпродаваните играчки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој би рекол дека идејата за малото, жолто шатче, која, заедно со нас пливаше во кадата кога бевме мали, ќе му донесе милиони долари на неговиот креатор?

Верувале или не, токму тоа се случило. Оваа гумена играчка, која честопати е направена од винил пластика, е создадена во 1947 година и оттогаш станала хит. Таа била дизајнирана од скулпторот Питер Ганин.

Претходните шатки кои потекнуваат од 1800-тите биле цврсти и тeшки, па можело само да ги украсуваат полиците затоа што биле направени од керамика.

Жолтото лесно шатче е идеално за капење и забава во кадата. Уште на почетокот биле продадени 50 милиони парчиња од оваа играчка.

Гуменото шатче со посебна популарност се здобило во САД во 1969/70 година, кога се појавило во шоуто „Sesame Street“ („Улица Сезам“) во песната „Гумено шатче“. Ерни од ова шоу пеел за тоа како обожува да се дружи со својот „другар“ во кадата, а песната станала хит во тој период.

Во 1992 година, се појавиле информации дека 29.000 изгубени шатчиња биле пронајдени покрај брегот на Тихиот Океан, помагајќи им на научниците подобро да го сфатат движењето на брановите и морските струи.

Продажбата на жолтите шатчиња за капење пораснала за 80% во Велика Британија во 2001 година, откако весникот „The Sun“ објавил дека кралицата Елизабета II ја има оваа гумена играчка со круна на главата, во нејзината бања.

Културните жолти шатчиња имаат конкурентен дyх бидејќи нивните сопственици ширум светот се собираат и организираат трки со нив. Станува збор за илјадници шатчиња кои се спуштаат низ вода, а првото што ќе ја мине целната линија е победникот.

Дали знаете која е најголемата жолта шатка во светот?
Таа е дело на холандскиот уметник Флорентин Хофман од 2007 година, тежи 600 килограми и го обиколи целиот свет како уметничко дело: била поставена во Холандија, Белгија, Јапонија, Бразил, Австралија, Кина, Кореја, САД.

Жолтата шатка е симбол на забава скоро насекаде во светот, а е присутна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм под хаштагот #rubberduck.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This