March 28, 2024, 11:33 am

(Видео) Кpeaтивнo: Итaлиjaнeц нa paкaтa cи ja иcтeтoвиpaл koвид пoтвpдaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видеото објавено на TikTok покажува како се подготвува да влезе во Мекдоналдс и ја крева раката. Чуварот на вратата потоа го скенира QR

Ниту череп, ниту змеј, ниту срце прободено со стрела: 22-годишен италијански студент има истетовирано QR-код на раката што докажува дека е вакциниран против „Ковид-19“.

Андреа Колоне, која живее во Реџо Калабрија, на југот на Италија, ќе треба само да го засука ракавот на влезот во ресторан или кино и да ја покаже тетоважата на левата рака.

„Оригинално е, сакам да се разликувам“, изјавил за весникот Corriere della Calabria, откако станале познати неговите фотографии на Инстаграм и Тикток.

Неговите родители, објаснил тој, не биле толку воодушевени. „Ме поттикнаа… да бидам помалку импулсивен и да размислувам малку подобро пред да делувам“, рекол тој.

Видеото објавено на TikTok покажува како се подготвува да влезе во Мекдоналдс и ја крева раката. Чуварот на вратата потоа го скенира QR-кодот, но снимката застанува таму, па не е познато дали навистина необичната тетоважа му дозволила да влезе и да си купи хамбургер.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This