(Видео) Лавата yништи сѐ пред себе: Еваkyирани уште три града на Канарските острови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите на шпанскиот остров Ла Палма наредија евакуација на градовите Тахуја, Таканде де Абахо и делови од Таканде де Ариба, кои досега не се евакуирани поради ерупцијата на вулканот, објавија денеска службите за итни случаи.

Властите првично ги советуваа жителите на тие градови да останат дома, но потоа им рекоа дека мора да се евакуираат поради засилената вулканска активност, објави Ројтерс.

Лава од вулканот Кумбре Вијеја на Канарскиот остров Ла Палма тече низ падината на вулканот и шести ден уништува сѐ што е пред него, пренесува Танјуг.

Досега се уништени близу 200 приватни и јавни згради и голема површина земјоделско земјиште, додека илјадници луѓе се привремено евакуирани .

Ла Палма беше во состојба на готовност откако беа регистрирани повеќе од 22.000 земјотреси за една недела во Кумбре Виеја, синџир вулкани што последен пат еруптираа во 1971 година и е еден од најактивните вулкански региони на Канарските Острови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This