Заинтересираните купувачи претежно доаѓаат од Швајцарија, Франција, Шпанија, но и од други делови на светот.
Во јужна Италија, поточно на островот Сицилија се продаваат станови и куќи по цена на една шоља еспресо или 1 евро. Поради зголемената миграција на населението во урбаните области, властите на малиот град Самбука со оваа одлука се обидуваат да го спасат својот град од истребување.
Според Си-Ен-Ен, заменик-градоначалникот и советник за туризам во Самбука, Џузепе Качиопо, тврди дека не станува збор за пропаганда, туку за реалната потреба од нови инвестиции.