(Видео) МПЦ МУ ПОРАЧА НА ШИЛЕГОВ: Тој нека си го слави Божиќ на 25-ти декември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Петре Шилегов не му е јасно како е можно да има божиќен пост и да се слави Нова Година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера.

Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема нeгативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Алфа побара став за ова од МПЦ-ОА. Портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

-Ако сака нека си го слави тој на 25-ти декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите, кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

МПЦ-ОА засега не размислува за менување на црковниот календар по примерот на други православни земји кои веќе ги сменија датумите на празниците.

Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This