(Видео) Оклопни возила се упатија кон Цетиње, растат тeнзиите пред почетокот на церемонијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорските медиуми јавуваат дека голем број возила од повеќе црногорски градови се упатиле кон Цетиње. Забележани се и големи полициски сили, а пристигнуваат и оклопни возила.

Според порталот „Вијести“, сите угостителски објекти треба да бидат затворени во 15 часот.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, денеска ги повика сите општествено-политички актери да го зачуваат мирот за време на претстојното устоличување на митрополитот Јоаники.

„Уште еднаш ги повикувам сите општествено-политички актери да го зачуваат мирот, бидејќи ништо не е повредно за нас. Ги повикувам сите граѓани да го почитуваат Уставот, законот, јавниот ред и мир, државата Црна Гора “, напиша Кривокапиќ на својот Твитер профил.

Претходно, дојде до инцидент кога толпата насилно ја отстрани заштитната ограда околу манастирот, по што мораше да интервенита полицијата.


Исто така, доцна синоќа, беа упасени четири лица кои со автомобил полн оружје биле упатени кон Цетиње.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This