(Видео) Пандев co пoбeдa ja зaтвopи ceзoнaтa вo Cepиja A пpeд нajгoлeмoтo cлyчyвaњe вo кapиepaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самиот Горан Пандев посочи дека Европското фудбалско првеснтво ќе биде најголемо и најважно случување во неговата кариера, од едноставна причина што успехот и настапот со македонската репрезентација на едно големо натпреварување не се мери со ништо друго што претходно го освои на клупски план.

Македонскиот капитен пред денешниот натпревар со Калјари откри дека конечна одлука за својата иднина ќе донесе по крајот на континенталниот турнир, а доколку остане на првата одлука која претходно ја најави, тој кариерата во Серија А ќе ја заокружи со остварена победа.

Неговата Џенова славеше во последното 38-мо коло во Калчото со 0:1 на гостувањето кај Калјари, средба на која популарниот Гоче одигра 57 минути, пред да биде повлечен и поштеден од тренерот Балардини.

Со Пандев на теренот, Џенова дојде до водство во првото полувреме благодарение на голот кој го постигна Шомуродов, а истиот не се менуваше и откако искусниот напаѓач се пресели на клупата.

По 38 одиграни кола, Џенова е безбедна со 42 освоени бода, па сега Пандев максимално може со мислите да се насочи кон неговата голема цел наречена Европско првенство.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This