(Видео) Паѓале делови од моторот на Боинг 747 за време на лет, повредена една жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за безбедност на Холандија соопшти дека испитува зошто делови на моторот од Боинг 747-400 паднале кратко по полетувањето во саботата од аеродромот во Мастрихт.
Од товарниот авион во саботата попладне паднале претежно ситни метални делови над јужниот град Мерин, предизвикувајќи штета на автомобилите и полесно е повредена една жена, објавија локалните медиуми

„Нашата истрага е сè уште во почетна фаза, рано е за заклучоци“, рече денеска портпаролката на Комитетот за безбедност.

Очевидци изјавиле дека виделе како гори еден од моторите на авионот, што потоа безбедно слетал на белгискиот аеродром Лиеж, на околу 30 километри јужно од Мастрихт.

Боинг вчера препорачал прекинување на летот на авионите 777 бидејќи за време на викендот авионот на Јунајтед ерлајнс од тој тип изгубил делови над Денвер во САД по откажувањето на десниот мотор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This