Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска и одговори на cвојата колешка од власта Марија на прашањето “на која Македонија мислиме”.
Таа од собраниската Комисија го кажа следново:
Ајде заедно да ѝ одговориме на колешката Марија на прашањето на која МАКЕДОНИЈА мислиме!?
Зборувам за мојата и нашата МИЛА МАКЕДОНИЈА која никако не е “НАШАТА ЗЕМЈА” !
Зборувам за нашата МИЛА МАКЕДОНИЈА која ја задокживте за 6,7 милијарди евра со Нула капитални проекти!
Говорам и за мојот МИЛ ОХРИД и моите мили охриѓани кои ќе ги прашам:
Дали гори депонијата во Буково? – Гори!
Дали имаме селективно рушење на дивоградби и плажи? – Имаме!
Дали улиците Абас Емин и Јане Сандански се искршени, а недовршени? – Се!
Дали општина Охрид е рекордер по превработеност? – Е!
Дали фекалии се излеваат во Охридското Езеро? – Се излеваат!
Дали имаме загрозен статус на Унеско? – Имаме!
Тоа ли е најдоброто за нашата мила општина? – Дефинитивно НЕ!
Криминалци сте и ќе си паднете од власт затоа што ниту блескате, ниту сте на прав пат, ниту можете!
Вие сте најлошото за нашите општини и за НАШАТА МИЛА МАКЕДОНИЈА!
Видеото можете да го погледнете ТУКА.