(Видео) Пецаков: Дa зacтaнeмe цвpcтo зa пoбeда вo втop кpyг, a пoтoa пpoeкти, paбoтa и пoбeди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Охрид, Кирил Пецаков.

-Власта во Охрид доби жестока изборна шлаканица од охриѓани затоа што им е доста од изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Сите во Охрид недвосмислено ја даваат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и затоа победивме со голема разлика во првиот круг. Победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ докажа дека постои надеж и пркос, да се создава и дека не се плаши да верува во себе и во иднината на нашите деца. Таа иднина зависи од нас и од промените кои неизбежно доаѓаат, истакна Пецаков.

Посочи дека затоа со народот се одлучни за промени.

-Промени за поддршка на позитивното наспроти негативното, квалитет наспроти партизација, работа наспроти неработа. Проекти за подобро живеење на сите, борба за секое ново работно место, за подобра инфраструктура, за модерно и современо образование, за развиен туризам, за Охрид каков што заслужува да биде во сите сфери од општественото живеење. Претстојат уште две недели, да немате воопшто двоумење дека резултатот може да биде поинаков освен победа. Да излеземе и да се избориме сите заедно! Сега е времето наше, да застанеме цврсто, гордо и достоинствено! Охрид и Македонија се на чекор до конечна победа. Продолжуваме кон промени, проекти и победи. Создаваме нова и светла иднина за Охрид и охриѓани, нагласи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This