(Видео) Пожар проголта библиотека со уникатни архиви во Кејптаун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради пожар што изби на Трпезната Планина во Јужноафриканската Република, евакуирани се студенти од Универзитетот Кејптаун.

Пожарот уништил дел од универзитетската библиотека во која се наоѓаат единствени колекции од африканските архиви, соопшти директорот на библиотеката во понеделникот.

Огнот ја зафати зградата од студентскиот кампус, а пожарникарите во акцијата за гасење користеле и хеликоптери, пренесе Ројтерс.

Одделението за африкански студии во зградата од триесеттите години и читалната се потполно уништени.

Потполна проценка на штетата ќе биде направена кога ќе биде безбедно да се влезе во зградата.

Студентите сведочат дека било грозно кога избил пожарот. Повреден е и еден пожарникар кој го гасел огнот, а префрлен е во болница.

Пожарот избил рано наутро во неделата во близина на спомен-обележјето на британскиот магнат и политичар Сесил Роудс на Ѓаволовиот врв, дел од Кејптаун во подножјето на Трпезната Планина, каде е сместен кампусот на Универзитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This