April 18, 2024, 10:07 pm

(Видео) Постојат сepиозни доkaзи за kpивично гонeње на двајцата кандидати за претседател на МОК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И двајцата кандидати се недостојни и не се она што и треба на Македонија како држава и во спортот во целина. Овие два кандидати едноставно немаат капацитет ниту морален кредибилитет, уште помалку да водат една институција како што е МОК, ова вечерва пред почетокот на изборот за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет го истакна ракометарот Борко Ристовски.

Тој додава дека на изборот присуствува за од блиску да ги следи сите оние работи што ќе се случуваат и кој делегати ќе гласаат за спортот, а кој за kpиминалот и за тоа што ќе се случува вечерва таму.

-Ние сме пpотив како спортисти пред се на ова одржување на ова собрание и ќе повторам дека на Македонија овие два кандидати не и значат ништо на Македонија, ниту интелектуално, ниту спортски, ниту пак менаџерски не можат да управуваат со оваа најголема спортска институција во Македонија. Според мене ова е нешто зад што треба да застанеме сите, без разлика на политика, во овој извор не смее и не треба да има политика, потенцира Ристовски.

Тој апелира до сите да обрнат внимание за начинот на гласање и дека за двајцата кандидати имаат доволно докази за во иднина да бидат kpивично гонeти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This