(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни, револуции и промени на режими. Не дека оваа теза не држи вода, но се чини ниту еден наш по вокација „аналитичар“ не пресметува што ќе се случува понатаму.

Не може народот да биде одговорен за она што го прави длабоката држава и не е, токму поради оваа причина моите симпатии се со обичниот американски народ, оној кој чесно го заработува својот леб, дали е полицаец, сопственик на мал бизнис, земјоделец, работник во фабрика, луѓе кои гледаат како пред свои очи ја губат државата, благодарение на истиот оној систем би рекол чудовиште кое со децении се создаваше во Америка, чудовиште наречено длабока држава.

Со свој камен по глава, шарената револуција деновиве експлодираше во Америка, а „причината“ е убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец во Минесота, но сепак ова е само добар изговор за она што деновиве се случува. Како што впрочем во Македонија беше убиството на Мартин Нешковски.

Да се потсетиме дека доколку навистина се случи најлошото, ова нема да е првата граѓанска војна во САД, зборуваме за најдобро вооружената држава, за најдобро вооружениот народ во светот. За време на пикот на коронавирусот во САД, Американците не купуваа тоалетна хартија туку ги испразнија продавниците за оружје, во нив немаше муниција освен неколку рамки за ловечки пушки и по некое зрно за сачмарки.

Она што нема да го видите на странските телевизии, ниту пак на домашните со чест на исклучоци не се полицајци кои ги гушкаат протестантите и клечат заедно во чест на Флојд, туку престрелки со огнено оружје помеѓу протестантите и полицајците, дел од кои се евидентирани со камера.

Во Америка се случува класична „Шарена револуција“ каква што имаше во Украина, каква што беше Арапската пролет каква што револуција имаше во Македонија. Доаѓаме до општата констатација дека во САД постои надржавен апарат кој има за цел создавање на хаос за остварување на личните интереси на мала група на луѓе.

Во моментов можеме да ја видиме во САД истата иконографија која ја гледавме во Македонија за време на „Шарената револуција“. Се рушат и уништуваат историски споменици, се слушаат извиците „No justice, no peace“ или преведено на нашки „Нема правда, нема мир“, повторно е злоупотребено малцинство кое наводно е системски дискриминирано кај нас Албанците во САД Афроамериканците.

Вчеравер Америка имаше тешка вечер, во Лас Вегас протестите предизивикаа престрелка помеѓу демонстрантите и полицијата, на главната улица во градот имало најмалку две престрелки, а повреден беше полицаец.

Среде ноќ се отсрануваат споменици, во Бирмингем Алабама се отсрануваше споменик стар 115 години во чест на „Конфередациските војници и морнари“.

Пукање имаше и во „Сент Луис“ каде најмалку 4 полицајци беа повредени од огнено оружје, а престрелката беше фатена на камера.

Полициска кола беше запалена во Провиденс.

Во Њујорк полицаец беше брутално прегазен од страна на протестантите.

Уште снимки од Сеинт Луис.

Во Њујорк брутално беше претепан полицаец.

Кола директно се удри во полициски кордон.

На улиците излегоа и одмазнички групи претежно белци да се справат со протестантите.

Но она што е најчудно е што на протестите пред Белата Куќа се збореше и на кинески!

 

Да се вратиме на оние кои ликуваат, а не прочитале малку историја. Што следуваше по падот на Рим? Мрачни времиња, цела Европа се чини застана, ова што денес ни се случува е падот на Рим на нашето време, а кога ќе се создаде вакум и нема да има светска сила која ќе го пополни истиот следува хаос. Доколку падне Америка очекувајте хаос низ целиот свет, војни, револуции, коронавирусот ќе ни се чини како само лоша шега.

Ако падне Рим ни следува ново мрачно време. Токму поради оваа причина Америка и Доналд Трамп ја имаат мојата полна поддршка што побрзо да се справат со овие домашни терористи и конечно да изградиме свет базиран на взаемна соработка свет на еднаквите, наместо империјализам да царува националниот суверенитет.

Пишува: Милош Милошевски

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This