April 25, 2024, 11:00 am

(Видео) Bлaдaтa ќe пoтpoши 350.000 eвpa нa cтoлчињa зa aдминиcтpaциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната собраниска седница пратеникот од “Гром”, Љупчо Пренџов распали кон заменик министерот за финансии, каде напомена дека во време на криза и пандемија, во време на намалени плати, во време на 52 илјади отпуштања, јавонста и пратениците требало да бидат среќни затоа што само 350.000 евра имало во ставката за купување на нов мебел.

“Вие вчера почитуван заменик министере ни кажавте овдека во ова Собрание дека ние пратениците и јавноста треба да бидеме среќни затоа што само 350.000 евра сте имале во ставката за купување на нов мебел. Во време кога имаме 52 илјади луѓе отпуштени од работа, во време кога имаме преку 150 илјади вработени кои што имаат намалени плати бидејќи приватните фирми толку приведуваат, пратениците и граѓаните треба да бидат среќни што само 350.000 евра ќе сме потрошеле на мебел. 350.000 евра ви е доколку едно биро е 100 евра да купите 3.500 бироа во текот на годината. 350.000 евра ви е 7 илјади столици да купите за администрација во време кога народот едвај врзува крај со крај, кога бележиме големи дефицити во рамки на буџетот, граѓаните требало да бидат среќни што Владата намалила ставка за нов мебел на само 350.000 евра. Понатаму, за на несреќата да и нема крај, ние треба да бидеме среќни што само 28.550.000 денари ги набавувате за нови возила. Значи ние треба да бидеме среќни што само пола милион евра одат за нови возила. Покрај 2.500 службени возила само во посег на државата, башка општините, ние треба да бидеме среќни што оваа година Владата ќе набави за пола милион евра возила, односно, доколку едно возило чини околу 15.000 евра просечно, тогаш ќе набавиме само 33 возила за да се вози администрацијата и функционерите и ние за тоа мораме да бидеме среќни.” – истакна Љупчо Пренџов Пренџов.

Пренџов исто така надополни: – “Епа не сме среќни. Не сме среќни бидејќи живееме во криза, не сме среќни бидејќи имаме луѓе со намалени плати, не сме среќни бидејќи имаме 52 илјади отпуштања и ние ќе се бориме тоа да го промениме и ние ќе се бориме овој буџет, оваков, да не помине на пример на седница бидејќи оние што не плаќаат и нас и вас не го заслужуваат тоа во овие тешки времиња и најмалку што може да направиме и да се солидализираме со народот на Република Македонија.” – изјави Љупчо Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This