April 26, 2024, 10:17 pm

(Видео) Професорите не се против реформа, прашање е каква реформа треба да има

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наставник по историја од средното училиште Никола Карев во Скопје, Борче Милошевски,  за Инфомакс изјави дека не е против реформа, но дека поважно од самата реформа е каква ќе биде таа и како ќе биде спровеена.

„Јас ќе бидам дециден, верувам дека никој од нас не е против реформа, јасно ние дека сме за реформа. Не е прашањето дали воопшто реформа треба да има, повеќе е прашањето каква да биде реформата“

Милошевски критикуваше дека самиот начин на воведување на реформата беше на туркање, под притисок, без дебато, без детали, без сериозна дебата, без примери конкретни.

„Многу малку примери, ако отворите Нацртот достапен е за секој граѓанин, ако го отворите ќе забележите ке дека многу малку примери има  што упатуваат на тоа какви промени би дожевеала наставата, вклучително и таму каде што сме постручни со колегата, односно наставата по историја“, изјави тој

Милошевски потсети на бројните гостувања на министерката Царовска во одредени емисии заедноглавните претставници кои што стојат зад овој концепт професорката Бешка, професорот Барбарев, во кои ниту еднаш не беше посочен конкретен пример која е позитивата која што ќе се добие во нашата настава по историја

„Јас вака ќе кажам, се доведе во прашање интердисциплинарноста на предметот историја. Тоа е на некој начин апсурд бидејќи на некој начин, можеби најинтердисциплинарниот предмет кој што постои е историјата. Нормално во секоја лекција ние опфаќаме области, корелација постои со сите предмети. Не може да се одржи час по историја без интердисциплинарен пристап.“, појасни Милошевски.

„Гарантирам дека секоја наставна тема, секоја наставна содржина, има своја интеграција има своја корелација и досега ова во пракса постоеше. Да учебниците веќе треба да има одредена промена, програмата е доста стара, тоа никој не го спори, никој не е против реформите.“уште еднаш нагласи Милошевски.

Професорите најавуваат протест против укинувањето на историјата, 18.02.2021

Професорите најавуваат протест против укинувањето на историјата, 18.02.2021

Posted by infomax.mk on Thursday, February 18, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This