(Видео) Се огласи Астеруд по веста за aпceњето: МВР лaжe, приjaвив coмнителна торба и настана голем инцидeнт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во иницијалите К.Р.А (50) во Билтенот на МВР многумина ја препознаа професорката од Правниот факултет Каролина Ристова Астеруд, па веста дека била уапсена, иако во билтенот пишуваше приведена, брзо почна да се шири по порталите.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, во 02:30 часот полициски службеници ја привеле К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање.

Според полицијата, таа се однесувала дрско и непристојно и ги навредувала полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

Неофицијално, како што објави „Фокус“, станува збор за професорка на скопскиот правен факултет, која направила инцидент кога и била побарана потврда за вакцинација.

Ја пренесуваме нејзината страна:

По некои медиуми/ портали е објавено дека сум била уапсена/приведена на меѓународниот аеродром во Скопје заради нарушување на јавниот ред и мир, и тоа со “викање” (?!) , со “непристојно и дрско однесување “ (?!) спрема полициските службеници во вршење службени дејствија, а дека инцидентот настанал “откога ми била побарана потврда за вакцинирање”.
Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време “оставена” на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се “искоординираат”, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене , а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( “ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”).
Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците.
Дека беше драма, беше , за жал , многу грда и лоша. Но, ве уверувам дека јас бев во рамки на моите уставни и законски права и обврски, и нема правен основ за прекршочни пријави против мене, камоли сето тоа другото, приведување, лисици стегнати до степен на почнување да помодрува едната рака ( по што беа симнати), држење со саати за конечно давање изјава пред пуштање во 7 ч. сабајле. Единствено што имаше од мене е (правно) аргументирање со тон на револт и протест. Обвинувањата што се јавно пренесени на моја сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција, а и полоши, некои дури и филмски лоши, до за неверување.
За деталите ќе ја информирам јавноста откога ќе го завршам делот со формалното пријавување на случајот во внатрешната контрола на МВР ( уште не сум заради неодложни професионални обврски), а во однос на која имам верба дека целосно и докрај ќе го расчисти случајот, а во меѓувреме ќе се консултирам за другите чекори за моја правна заштита од серија повреди на моите права и слободи.
За сите оние кои се прашуваат и се загрижени за мене по читањето на оваа вест, ве информирам дека сум добро, и покрај доживеаниот стрес, малтретирање , изживување, навредување, набедување со лажни обвинувања и импутации , понижување, “бодрење “ и “хушкање” да бидам приведена и да ми се стават лисици, противправно лишување од слобода, сето тоа и со дискриминаторска димензија по основ на мојот општествен статус ( “професорка на факултет”, “бивша функционерка “ беше спомнувано, во погрдни искази и конотација, за омаловажување и за навреда, без никакво мое претходно претставување такво, и без никаква релеватност во случајот), а и како таргетирање и по основ на мојата етничка припадност како мотивација кај дел од службените лица ( да, некои дури и тоа вмешаа, сосе и како “штит” за себе), и сето тоа во најголем број без соодветно полициско легитимирање, во присуство и со опколеност со, по мое броење, 7-9 лица во полициска униформа, сите таму за справување со мене, и, ако не се лажам, две полициски комбиња. На некој начин, ама баш одличен пример за правилно и ефикасно користење на полициските ресурси, да помисли некој дека се апси некоја која е до заби вооружена и/или насилна, а можеби и со кила дрога во куфер, скраја бомба (ништо од тоа). Да биде поиронично, како што веќе пишав, целиот инцидент започна со мое пријавување сомнителна торба кај делот за багаж, за што се немаше минимум, камоли ваков, камоли соодветен, службен интерес.
Пред да ми бидат присилно одземени телефоните за да не снимам ( а и пасошот ми беше одземен и задржан до пред пуштање од полициска станица), успеав мал дел да снимам, во прилог е снимката, ќе ви стане јасно дека тоа што “неофицијално” се брифирани некои портали/медиуми за “одбивање да се покаже потврда за вакцинација “ , а и за дел од другите набедувања, не е точно. За тоа кој и зошто така “неофицијално “ ги пренасочил порталите ( а најверојатно и информирал/е чии се иницијалите во полицискиот билтен), засега немам објаснување. Претпоставувам има и аеродромски снимки за делот од инцидентот пред аеродромот, ако нема и за делот во полициската станица.
Очекувам и верувам дека фактите и вистината ќе излезат на виделина, и дека правото и правдата ќе преовладаат.
Наспроти набедувањето, јас имам најдлабока почит и верба во МВР како институција и кон нејзините професионални припадници, и како граѓанка, но и од лични причини ( и мојот покоен татко, на кого деновиве ќе му правиме десетгодишен помен, поголемиот дел од својот животен и работен век го има поминато во МВР, а и мојот брат пожртвувано работи во МВР), да се справи со непрофесионално и незаконско однесување на некои свои службеници, како прв чекор.
Во четврток ми е 51 роденден, не очекував дека “вака” ќе го прославувам, но ете …

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This