April 19, 2024, 12:19 pm

(Видео) Се oбвpзувaм дека неyмоpнo и посветено со последниот aтoм на енергија што ја имам ќе работам на исправање на нeпрaвдитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се обврзувам дека неуморно и посветено со последниот атом на енергија што ја имам ќе работам на исправање на неправдите и штетите врз националните интереси нанесени од СДС во Парламентот, вели во видеото објавено на неговата Фејсбук страница кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тони Јаревски.

-Јас Тони Јаревски се обврзувам тука пред вас, пред мојата ќерка, мојата сопруга, моите родители и мојата мајка Македонија. Се обврзувам дека неуморно и посветено со последниот атом на енергија што ја имам ќе работам на исправање на неправдите и штетите врз националните интереси нанесени од СДС во парламентот. Се обврзувам дека ќе бидам доследен на идеалите на Организацијата, се обврзувам дека со моето делување ќе го вратм интегритетот и дигнитетот на функцијата пратеник. Се обврзувам дека заедно со останатите 60 пратеници на коалицијата за „Обнова на Македонија“ повторно парламентот ќе биде храм на демократијата и чувар на македонштината. Никогаш нема да ве изневерам, друга татковина немаме. Одберете Обнова, вели во објавеното видео Јаревски.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This