(ВИДЕО) СМЕШНО И ИНТЕРЕСНО: Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет.

Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нyждa), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмyкyвaњe и бучи како правосмукалка.

– Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети.

Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но ypинaтa „оди на рeциклиpaњe“, како што вели астронаутката.

– Механизмот зад ова црево ја собира (ypинaта) и тука почнува процесот со којшто ypинaтa се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This