(Видео) Снимaшe aлигaтoр со дpoн – тoј го згpaпчи дpoнот и му екcплoдиpаше во уcтaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека го тестирала својот нов дрон, Дев Х. Лангер се приближила премногу блиску до гладниот алигатор во националниот парк Еверглајдс во Флорида, а тој потоа скокнал од водата и го зграпчил.

Дев сними се и го сподели на Тик Ток @devhlanger, пишува Лад Библ.

Алигаторот почна да исчезнува во густиот чад што се ширеше од „експлозијата“ на дронот во него.

Дев напиша дека се обиделе да му пријдат на алигатор со отворена уста и мислеле дека дронот ќе може да лета.

Снимката собра илјадници прегледи, а многумина изразија загриженост за состојбата на алигаторот откако го голтна дронот.

– Ќе умре 100 проценти ако ја изеде батеријата, литиум е и реагира со вода. Ќе гори одвнатре – напиша еден корисник, а друг се согласи со него и напиша дека не е смешно што алигаторот „чади“.

Некои корисници луто се обидоа да откријат зошто го користеле дронот толку блиску до вода и алигаторите и дека дроновите се нелегални во националните паркови.

Се заканија дека ќе им ја покажат снимката на чуварите на паркот.

Според официјалната веб – страница на националниот парк, дроновите и другите беспилотни летала се забранети во кој било дел од паркот, и вклучува различни видови модели на летала, квадкоптери и слично.

Дев потврди дека алигаторот е добро и дека потоа сѐ уште изгледал гладен. Но, вистинската состојба на алигаторот не е позната.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This