(Видео) Стојкоски со ѓорчепетровци по изборниот ден: Ова е моето Ѓорче, без и со функција ќе бидам тука за проблемите и решенијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изборниот ден, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ се сретна со дел жителите кои беа во општинскиот парк. Доби поддршка, разговараше за проблемите и решенијата, се обврза дека тоа што го ветил ќе го оствари. Се очекува, тој да издвои победа уште во првиот круг, бидејќи има над 3200 гласови разлика, а дваесетина го двојат од победа без втор изборен круг.

„Ова е моето Ѓорче, ова се моите ѓорчепетровци, ова е поддршката поради која се борев за победата, која ја имаме! Ви ветив дека без, но и со функција, ќе бидам со вас, затоа што сакам вие да ми ги кажувате проблемите и решенијата, кои јас ќе треба ги размислам и реализирам бидејќи, тоа е мојата работа! Ова е мојот народ, ова се моите сограѓани! Нема поубаво нешто кога сите се радуваме за промени на подобро, модерно и хумано Ѓорче, општина без проблеми!“, напиша Стојкоски.

Претходно, тој се заблагодари на поддршката која ја доби на изборите од жителите на општината Ѓорче Петров.

„Драги ѓорчепетровци, сакам од се срце да ви се заблагодарам за големата поддршка која ми ја дадовте во првиот изборен круг на локалните избори. Победивме многу јако во Ѓорче Петров, над 3200 гласови е разликата. Очекуваме победа во првиот круг. Дел од избирачките листови и натаму се обработуваат во општинската изборна комисија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’ освои апсолутно мнозинство во Советот на Ѓорче Петров. Доктор Ленче Нелоска и нејзиниот тим освоја вкупно 12 советници во Советот. Ова е голема победа, победа на сите луѓе во Ѓорче Петров. Како што кажав во текот на кампањата, јас сакам да бидам пред се ваш пријател, а потоа и градоначалник за сите. Докажавме дека Ѓорче Петров е подготвено за промени, а промените ги носиме сите ние заедно. Јас како ваш иден градоначалник, а вие како мои сожители во Ѓорче Петров. Ви благодарам многу, со работа почнуваме веднаш“, рече Стојкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This