April 25, 2024, 12:50 pm

(Видео) Сopaбoткa co лoкaлнoтo нaceлeниe oд гpaничнитe рeoни зa пpecpeтнyвaњe на kpиyмчapитe на мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интензивирање на соработката со локалнот население од граничните региони и воспоставување секојдневна комуникација со локалните власти се дел од препораките што ги упатуваат универзитетските професори со цел сузбивање на илегалните преминувања на мигрантите кои станаа секојдневие во Југоистокот.

На конференцијата за локална безбедност во контекст на безбеднсота на современите ризици и закани во Струмица, Атанас Козарев смета дека освен редовни контроли потребна е и соработа со жителите кои живеат во вакви реони кои се детектирани како илегални гранични премини.

За половина месец МВР во две одделни акции откри организирани групи кои се занимавале со крумчарење мигранти при што 20 тина лица се приведени.

Меѓу нив дури половина или десетина се од Југоистокот при што главните организатори се од од Богданци. Како што кажаа порпаролот на МВР Тони Ангеловски тие соработувале со лица од од Грција и Србија при што илегално пренесувале над 200 мигранти за последните десетина месеци.

Летово по патиштата во Југоистокот секојдневно се откриваа обиди за илегално транспортирање на мигрантите со патничи и товарни возила. Во три наврати се случвуаа и сообраќајки при што десетина мигранти беа повредени а едно лице кај Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This