(Видео) Шекеринска и Јанева во домот на Боки 13, сепак не се познавале само од телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На мрежата Јутуб се појави видео на кое што се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во друштво на Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Повеќе од очигледно е дека овие тројца на се познаваат само од телевизија, односно Шекеринска која е воедно и висок функционер во СДСМ, лично се познавала со осудените за случајот „Рекет“, а двајцата биле доволно блиски за да си одат на гости.

Едно од најсомнителните случувања во целиот судски процес за случајот „Рекет“ беше тоа што ниту судот, ниту обвинителството не дозволија да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски. Стручната јавност како и граѓаните беа фрапирани од ваквото однесување на правосудната власт, но денешното видео ја објаснува ситуацијата.

Се поставува прашањето што ли уште може да се најде во телефонот на Јовановски, со кој се ли бил близок Бојан Јовановски кој беше осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“.

Да се потсетиме дека Јовановски поднесе повеќе од 30-тина кривични пријави против високи функционери на власта и СДСМ за вмешаност во недозволени и криминални дејанија.

Логиката вели дека она што го правеле Јовановски и Јанева изминатите три години не можело да се случува без амин од власта и државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This