(Видео) Bлaдaтa нa Заев им даде 30-гoдишнa кoнцecијa нa фиpмaтa нa бaтe Вице и бaтe Трајче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според одлуката на владата на 6 октомври, Еленица, семејната компанија за цигли на Трајче Заев, на Вице Заев и на Катерина Бојовиќ Заева, доби концесија на цели 30 години за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Раборци“ во струмичко.

Внимавајте, владата на Заев, им дава концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче.

Концесија за руда за следните цели 30 години, на семејната фирма на Заев.

Ова е конфликт на интереси и класична злоупотреба, ова е класична приватизација на владата и на државните ресурси, целосна неетичност во водењето политики. Ова е безобразно.

Ако антикорупционерите тука не видат конфликт и злоупотреба, ако не гледаат влијание, и ако за ова ДКСК остане сокриена зад недоречености, тогаш слободно Антикорупциска нека се самораспушти.

Додека Заев се закануваше дека ќе ги остави малите компании да згаснат во кризата и дека нема намера да им помогне, истовремено со одлука на неговата влада непречено ги помага фирмите на Бате Вице. Ете затоа е мафија!

Ова не е прв пат Заев да ја форсира фирмата на бате Вице и бате Трајче- компанија со годишни обрти од над 5 милиони евра. Еленица се најде во скандал од 220.000 евра пари од Фондот за иновации, годинава Еленица зема пари- државна помош од 841.000 денари за минимални плати за работниците, а сега Заев обезбеди 30 годишна концесија за минерални суровини.

Бате Вице врти милиони со фирмите само и само заради Зоран Заев!

Во Македонија со Заев, нема фонд, нема помош, нема концесија за никого, освен за фирмите на бате Вице и на мафијата на власт.

Прашање: Ваш став од Софија и проблематизацијата на односите помеѓу Македонија и Бугарија?

Одговор: Проблемот со Бугарија настана откако Зоран Заев ветил се што денес Бугарија и владата во Софија бара од него да исполни. За ова има лични признанија од бугарски политичари во врвот. Заев излажа дека ги има затворено клучните прашања за Македонија. Затоа Заев е должен да каже дали последните барања од Захариева се уставни измени по теркот на договорот со Грција, редефинирање на македонската нација и откажување од македонската историја. Јавноста заслужува одговори и вистински срам е што овие информации се дознаваат од неофицијални места а не од официјалните извори од владата на Македонија.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This