(Видео) Cилeн зeмjoтpec нa Бaли: Дoceгa тpи лицa зaгинaa, имa и пoвpeдeни…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица го загубија животот, а седум се повредени во земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер, што го погоди индонезискиот остров Бали, пренесува АФП.

Две лица загинаа при свлечиште предизвикано од земјотрес во областа Бангли, а едно лице загина во пристанишниот град Карангасем, соопштија официјалните лица.

Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, североисточно од градот Бањар Ванасари.

Објава може да погледнете ТУКА.

Портпаролот на Агенцијата за вонредни ситуации Абдул Мухари изјави дека земјотресот бил силно почувствуван пет секунди и дека луѓето панично излетале на улиците.

Епицентарот беше далеку од главниот туристички центар на Бали, кој полека се отвора за меѓународните посетители по блокадата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Индонезија честопати се соочува со земјотреси поради нејзината позиција на таканаречениот Огнен прстен, каде се судираат тектонски плочи што се протегаат од Јапонија, низ Југоисточна Азија и Пацифичкиот басен.

Објава може да погледнете ТУКА.

Повеќе од 100 луѓе загинаа во јануари, а илјадници останаа без покрив над главата во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Сулавеси.

Земјотрес и цунами со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, што се случија пред три години на островот Палу, усмртија или исчезнаа повеќе од 4.300 луѓе, потсетува АФП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This