(Видео) Cтpaшнo: Калифорнија пoгoдeнa oд cилeн зeмjoтpec – кapпи пaѓaa нa автопатот, а cлeдea yштe 50-тинa пocлaби зeмjoтpecи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди северниот дел на Калифорнија во близина на границата со Невада, но досега нема информации за повредени или големи штети, соопшти американскиот геолошки институт (УСГС).

Земјотресот, првично регистриран од ЕМСЦ и УСГС како земјотрес со јачина од 6,2 степени, беше на длабочина од 10 километри, а неговиот епицентар беше на околу 240 километри источно од калифорниската престолнина Сакраменто, објави американскиот геолошки институт на својата веб-страница.

Видео може да погледнете ТУКА.

Земјотресот беше проследен со 50-тина послаби земјотреси во истото источно подрачје на синџирот Сиера Невада.

Видео може да погледнете ТУКА.

Земјотреси со јачина од 5,5 до 6,0 степени можат да предизвикаат значителна штета на зградите, но овој земјотрес погоди релативно слабо населена област и беа евидентирани само одрони на карпи на патиштата и слечишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This