March 28, 2024, 11:17 pm

(ВИДЕО) EВТИH СТAН ВО БЕРЛИН: Го пoceтилe 1749 лyѓe во eдeн дeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во случај да се прашувате колку е тешко да најдете достапен стан во Берлин, после ова можеби ќе ви биде појасно – неверојатни 1749 луѓе на 24-ти ноември се појавиле пред еден стан со пристапна цена за да го разгледаат, иако бил огласен само еден ден претходно.

Сместен во близина на градското собрание во Шенеберг, двособниот стан со балкон на третиот кат на зграда од 1950-тите години го привлекол внимание поради својата цена – се изнајмува за 550 евра месечно.

Во главниот град на Германија, а особено на таа локација, тоа е многу под цената, па никој не се зачудил зошто интересот за тој стан бил толку голем.

Сепак, 1700 луѓе во ист ден ретко кој би очекувал. Во станот пуштале групи од 20 и 30 луѓе и тоа накратко.

Многумина разгледувањето на станот го опишале како кaтacтpoфa, додека други забележале дека тоа едноставно се одразува на моменталната состојба на пазарот за недвижности во Берлин.

Сопственикот на станот за германските новинари рекол дека пред да им дозволи на толкав број на луѓе да го разгледаат станот во еден ден, направил селекција.

На оние кои веќе бараат втор дом или имаат високи примања, не им дозволил да дојдат да го погледнат станот.

Тој исто така најавил дека ќе ги прегледа сите пријави и потоа ќе одлучи кому ќе го изнајми станот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This