(Видео) Ekпресно ocyден на kaзна зaтвop Французинот кој го удpи Макрон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на четири месеци, објави телевизијата БФМ, пренесува Спутник

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но тој им рекол на истражните органи дека не го сторил тоа со предумисла, пренесува Ројтерс.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоистокот во вторникот, претседателот Макрон се приближи до толпа граѓани да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица по лицето, повторувајќи ја фразата позната на француските монарси пред претседателското обезбедување интервенираше.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тарел, кој, според истражителите, не и бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална затворска казна од три години и парична казна од 45.000 евра, пренесува Танјуг

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This