April 17, 2024, 12:04 am

(Видео) Heофицијално: Пожарот во Охис подмeтнaт, гopeло веднаш до линданот, цистерни со нафта и бензин, ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфомакс со најнови детали за пожapoт кој попладнево започна во кругот на фабриката на Охис.

Неофицијално пожapoт во Охис е подметнат на најмалку три локации во фабриката, од наши извори дознаваме дека едно жариште било подметнато во управната зграда, друго кај капијата на фабриката и трето и најопасно по здравјето и животот на граѓаните на местото каде се наоѓа токсичниот линдан.

Токму на местото каде се наоѓа линданот се наоѓаат четири цистерни 3 со нафта и една со бензин.

Брзата интервенција на противпожарната екипа е единственото нешто кое го спасило Скопје од голема катастрофа.

Инфомакс го контактираше и МВР од каде накратко ни одговорија дека е рано за утврдување на причини, најважно е најпрво пожарот да биде изгаснат.

Инфомакс контактираше и свои извори во Центарот за управување со кризи од каде исто така истакнаа дека прерано е да се каже причината, но велат дека ширум државата мистериозно се појавуваат нови жаришта кои се крајно сомнителни и највероајтно причината е од човечка природа.

Соогласно Кривичниот законик за тероризам може да се обвини тој што ќе изврши едно или повеќе дела на убиство, телесно повредување, грабнување на лица, уништување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфраструктура, компјутерски системи и други објекти за општа употреба, грабнување на авиони или други средства на јавен транспорт, производство, поседување, транспорт, трговија, набавка или примена со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други
видови на оружја и опасни материи, како и истражувања во насока на развој на биолошко и хемиско оружје, пуштање на опасни радиоактивни, отровни и други опасни супстанции или предизвикување на пожар или експлозија, уништување на постројки за снабдување со вода, енергија или други основни природни извори, со намера за загрозување на животот и телото и создавање чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Иако во гореспоменатиот пример не е исполнето битието од членот 394 – б соогласно став 2 од од истоимениот член и тој што сериозно ќе се закани со извршување на делото од ставот 1 се смета за терорист.

Сепак истрагата ќе покаже дали станува за човечки фактор и доколку Кривичното дело може да се толкува како тероризам имајќи во предвид заканата која ќе ја претставуваше за граѓаните на Скопје голема експлозија во фабриката на Охис во која се складирани токсични, запаливи и распрснувачки материјали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This