(Видео) He гледајте НАДОЛУ: Haпpaвиja нajдoлг виceчки мocт нa cвeтoт зa пешаци за дa ги вpaтaт тypиcтитe пo пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдолгиот висечки пешачки мост во светот, поставен на 175 метри над реката Паива, се наоѓа во северниот дел на Португалија. Тој деновиве беше свечено пуштен во употреба со надеж дека истиот ќе прерасне во нова туристичка атракција која ќе ја врати туристичката динамика замрена поради кризата со корона вирусот.

Мостот е долг 516 метри и е подолг од висечкиот мост „Чарлс Куонен“ подигнат во 2017 година на швајцарските Алпи, кој досега го држеше првото место меѓу ваквите мостови.

„Иако мостот е завршен веќе некое време, ова свечено отворање е важно затоа што ни овозможува да ги продолжиме туристичките активности“, рече градоначалничката на Маргарида Белем.

Локалните жители се надеваат дека оваа нова туристичка атракција ќе ја помогне економијата во регионот по пандемијата на коронавирусот.

Извор: tera.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This