(Видео) Peaкциитe нa мaшкитe ce ypнeбecни: Oблeчe хeлaнки, a вo зaдниoт џeб ja ocтaви вклyчeнa кaмepaтa oд мoбилниoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа Инстаграм инфлуенсерка „уловила“ многу мажи како отворено гледаат во нејзиниот задник откако во задниот џеб од хеланките сокрила камера со која што снимила сè.

Алексас Морган (24) од Мајами, добила над 4.1 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а не е првпат да ги искористи своите бујни облини за ваков општествен експеримент.

Овојпат таа сакала да согледа колку луѓето гледаат во нејзиниот задник во јавноста.

Таа во задниот џеб од своите хеланки сокрила мобилен телефон на кој што ја вклучила камерата, а резултатите ги споделила на социјалната мрежа Инстаграм.

„Сакам да видам колку мажи гледаат во мојот задник“, вели таа на снимката.

Урнебесната снимка прикажува многубројни мажи кои што гледаат во нејзиниот задник…

Инстаграм ѕвездата додала и звучни ефекти за снимката да биде уште покомична, а нејзиното видео добило над 115 илјади лајкови.

„Која е вашата омилена реакција?“, прашала таа во снимката.

„Мене последната ми е најдобра“, напишала некоја личност, па додала:

„Мажот го искрши грбот само за да погледне“.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This