(Видео) Tyтyнapитe во струмичко во пaниka: Koмпaниjaтa „Далиja Тaбaк“ нe вpши oткyп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тутунарите од струмичко Градашорци во паника. Не знаат каде да ги предадат произведените количини тутун од ланската реколта откако компанија „Далија табак“ не доби зелено светло да врши откуп оваа сезона. Производителите имаат склучено договори, но тутунот им стои, а одговор дали некој ќе им го откупи и кога, се уште немаат.

Станува збор за околу 80-тина производители само од Градашорци. Ги има и од околните струмички села, но и од Радовишко. Сите стравуваат дали некој ќе им ги откупи договорените количини и дали воопшто ќе добијат пари, а тутунот им е единствен извор на егзистенција.

Од Министерството за земјоделство потврдија дека „Далија табак“ не откупува заради необезбедена финансиска гаранција и дека се прават напори да се изнајде решение. На утрешниот сотанок со откупувачите ќе биде отворено и ова прашање.

„Далија табак“ не откупува бидејќи инспекторатот утврди дека во законскиот рок не обезбеди финансиска гаранција за договорените количини тутун. МЗШВ прави напори за откуп на договорените количини на тутун од ланската реколта склучени со откупувачот „Далија табак“. Став на Министерството е дека нема да остане неоткупен ниеден лист на тутун ова година“ – соопштија од ресорното министерство.

Тутунарите бараат државата да интервенира кај компаниите да се откупат сите произведени количини, а не само договорените. Досега во земјава според Министерството откупени се само 25 отсто од произведените количини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This