- Advertisement -
За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застаени во форма на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електричнични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се движат во интервалот од 25 до 32 степени.