Викенд без ДДВ за сите граѓани и бескаматни кредити за фирмите, најави Спасовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани, преку поевтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство, најави техничкиот премиер, Оливер Спасовски на прес-конференција.

Натаму, истакна тој, ќе има паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.

За стопанството, Спасовски најави нови бескаматни кредити преку Развојната банка

– Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди и 30 отсто грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење, истакна тој.

Натаму, Според Спасовски, е државната гаранција за комерцијални кредити за поддршка на Старт ап и мали и микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентираните компании, за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит. Како и гаранција за обезбедување на царинскиот долг – за поголем извоз и полесен пристап до суровини за домашните компании. Со гаранцијата за обезбедување на царинскиот долг, посочи тој, го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на РСМ.

Најави и нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација. Согласно Законот за финансиска поддршка, истакна тој, со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата им помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност, како и модернизација на процесите.

Спасовски најави и нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско СТАРТ АП село, со што како што рече, директно го стимулираме отворањето нови сопствени бизниси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This