April 23, 2024, 11:12 am

Висок кинески претставник наводно пребегал во CAД – Со клучни информации за потеклото на Koвид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според гласините на кинеските социјални медиуми, висок кинески претставник најверојатно пребега во САД и во Вашингтон ДЦ доставил круцијални информации за тоа што се случува во лабораторијата во Вухан.

Се верува дека Донг Џингвеи пребегал во САД на 10 февруари со својата ќерка, според неофицијални информации кои ги пренесува порталот „Спај ток“.

Донг бил заменик-министер за државна безбедност, што значи дека неговото пребегнување, доколку биде потврдено, ќе биде најзначајното од Кина досега.

Се верува дека тој им пренел на американските власти за ситуацијата во лабораторијата во Вухан, од каде што можно е да се појави вирусот КОВИД-19 – предизвикувајќи администрацијата на Бајден посериозно да ја сфати теоријата за „протекување на лабораторија“.

Тој бил одговорен за контраразузнавањето на Министерството во Кина, од 2018 година се до неговото пребегнување, пренесува „Спај ток“.

Донг претходно бил шеф на провинцискиот оддел за државна безбедност во Хубеи, одговорен за областа околу Пекинг.

За неговото пребегнување, се разговарало на спорниот состанок во март во Алјаска помеѓу Ентони Блинкен, државниот секретар и неговите кинески колеги.

Д-р Хан Лианчао, поранешен службеник на кинеското Министерство за надворешни работи, кој пребегна во САД по масакрот во плоштадот Тјенанмен во 1989 година, на Твитер објави дека се дискутирало за пребегнувањето на Донг,

Хан тврди дека министерот за надворешни работи на Кина и шефот за надворешни работи на Комунистичката партија побарал Американците да го вратат Донг.

Бликен категорично одбил, рече Хан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This