April 20, 2024, 11:57 am

ВИСТИНСКИТЕ ПРИЧИНИ ЗА ДЕПРЕСИЈАТА И АНКСИОЗНОСТА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, во западниот свет ако сте депримирани или анксиозни, се упатувате на доктор бидејќи повеќе не можете да издржите. Докторот ќе каже дека умот не ви функционира како што треба, односно не ги произведува потребните материи. Потоа препишува лекарства кои ќе помогнат во тој процес.

Сепак, искуствата на многумина постојано докажуваат дека лековите се само привремено решение, а некогаш дури и имаат негативен ефект. Болката и понатаму продолжува. Што е она што ги предизвикува депресијата и анксиозноста?

Се разбира дека многу научници одговорот на тоа прашање го гледаат во хемискиот дисбаланс во мозокот. Често го мерат според Хамилтонова скала, па вредностите се од 0 до 59. Сепак, за депресијата постојат 2 биолошки причини и 7 од влијанието на околината. Причините се различни и имаат различна улога во животите на депресивните и анксиозни луѓе. Дури и Светската здравствена организација испраќаше предупредувања дека треба да се почне со подлабоко анализирање на причините што доведуваат до депресија и анксиозност.

Во една студија за откривање на причините за дебелеењето се забележало дека голем број од лицата што имаат прекумерна тежина, особено жените, дошле до таква состојба бидејќи не сакале да го привлечат вниманието од спротивниот пол. Зошто? Затоа што се открило дека 55% од нив на млада возраст биле сексуално злоупотребени. Жените, всушност, несвесно се дебелееле за да не им го привлечат вниманието на мажите, за кои сметаат дека ќе ги повредат. Ваквите податоци поттикнале дополнителни истражувања, односно се анализирало колку траумите што биле доживеани во детскиот период влијаат врз подоцнежното психичко здравје. Се открило дека траумите доживеани во детството го предизвикуваат ризикот за депресија во возрасна доба. Ако сте имале 7 категории на трауматско искуство како дете, тогаш има 3.100 проценти повеќе шанси да имате самоубиствени мисли како возрасен човек и повеќе од 4.000 проценти за да станете зависник од наркотици.

Многу од лицата што во детството доживуваат насилство или какво било малтретирање подоцна тоа ги доведува до самодеструктивно однесување. Кога сме деца, имаме многу малку моќ за да ја смениме средината во која живееме. Но, имаме два избора: да си признаеме дека сме немоќни или да ја префрлиме вината на себе. Ако го сториме тоа, всушност добиваме малку моќ, барем во нашиот ум. Ако не е наша вина, тогаш можеме нешто да преземеме за да ја смениме ситуацијата. Ние ја имаме контролата, на некој чуден начин. Но, ако сметаме дека е наша вина, тогаш мислиме и дека сме го заслужиле страдањето. Така продолжуваме и во возрасната доба.

Научниците откриле дека доколку се дискутира за преживеаните трауми со авторитетна фигура во која се има доверба, а се разбира и да се потенцира дека не е по вина на пациентот, тогаш тоа помага во намалувањето на срамот што луѓето го чувствуваат. Со тоа почнува заздравувањето.

Земањето лекови може да го оневозможи процесот на осознавање на причините за депресијата, анксиозноста и срамот. Можно е поради тоа да не се дознае подлабоката причина за депресијата, а и да не дојде до намалување или ослободување од неа. Од наведеното може да се заклучи дека депресијата и анксиозноста, сепак, се предизвикани од настани што се случиле во нашите животи, односно не е причина дисбалансот во мозокот, туку начинот на кој многумина од нас биле принудени да живеат. Постојат и вистински биолошки фактори, како нашите гени, кои можат да ве направат почувствителни на овие причини, но тие не се примарните предизвикувачи. Болката што многумина ја чувствуваат е вистинска и доколку се погледне длабоко во причините, ќе се види во најголемиот број случаи дека не е ирационална. Затоа, експертите советуваат, за да се справите со депресијата, потребно е да се справите и со нејзините предизвикувачи што се скриени во вас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This