ВИCTИНАТА Е КАКО ШИЛO: Не сум видел дokaз дека Трајко Вељаноски е вмeшaн во „Монсpyм“, вели Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем впечаток ми остави еден телефонски разговор од рано наутро на 13 април 2012 година, ден по убиството. Не знам дали за таков краток период некој можел да обезбеди судска наредба за ПИ-мерки. Ова денеска во судница го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во судскиот процес за случајот “Смилковско Езеро”.

– Имаше многу случаеви каде се прислушкуваа луѓе со месеци, а после тоа се обезбедени наредби за прислушкување. Меѓу нив сум и јас. За мене никој не може да биде предвидувач на иднината бидејќи ако во 19 часот вечерта се случил кривично правен настан и веднаш некој да биде ставен за прислушкување – рече Заев.

Тој додаде дека нема конкретни докази дека некој за овој случај правел притисок врз ОЈО или судот.

– При средбата со косовскиот премиер побарав да биде реализирано нашето барање за екстрадиција на две лица за случајот „Смилковско Езеро“. Одговорот од косовскиот премиер беше дека ќе го процесуира нашето барање – нагласи лидерот на СДСМ.

На прашање на родител на едно од убиените момчиња дал некогаш дал исказ пред државен орган за овој случај, Заев рече:

– Не, не сум бил повикан од обвинител да дадам исказ во ОЈО или од истражен судија да дадам исказ за случајот “Монструм”.

На прашање чии се телефонските броеви кој се класифицирани како државна тајна, Заев одговори:

– Ве уверувам дека за тие телефони и тогашни сопственици може да ги побарате и да ги видите кои се – рече Заев.

Во снимките, рече Заев, немал видено материјал на разговор помеѓу политичари од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинетите, а имало еден разговор помеѓу екс градоначалник на Гостивар со обвинетиот Фејзи Азири за исплата на субвенции.

На прашање дали се сеќава дека во „Монструм“ и „Диво Насеље“ имало вмешаност на тајни служби, Заев рече:

– Немам информации за лица од тајните служби вмешани во „Смилковско Езеро“ – одговори Заев.

Тој рече дека семејствата на жртвите ја заслужуваат вистината за „Монструм“.

Запрашан дали се сеќава дека мајките на децата го прашале за можна вмешаност на Трајко Вељаноски во овој случај, Заев рече:

– Како родители кои што трагаат по вистината поставувавте секогаш прашања за кои мислевте дека ќе ве доведат до вистината. Секогаш искрено пред сите ја кажував вистината. Сум можел да користам интригантни изјави за политички или други интереси, но тоа не сум го направил. Не се сеќавам за прашањето за вмешаност на Вељаноски. Но, еве и денес потврдувам дека пред мене не се појавиле докази за вмешаност на Вељаноски, освен во одредени текстови напишани од квази новинари. Лично ги осудувам таквите пишувања – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This