ВКУПНО 1.6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА: Второ задолжување месецов – овој пат со 55 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за финансии планира утре да се задолжи за нови 55 милиони евра, ова е второ задолжување овој месец.

На официјалната страна на МФ закажана е аукција на државни хартии од вредност во вкупен износ од 3 милијарди и 400 илјади денари. Така за утре е закажана аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула од 1 милијарда денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2 милијарди и 400 илјади денари. Оваа сума претворена во евра изнесува 55,2 милиони евра.

Ова е втор пат владата да се задолжи овој месец. На 03 април се задолжи за 29 милиони евра, а само од почетокот на владеењето за 1,6 милијарди евра и овој износ континуирано расте.
Нето долгот изнесува 566 милиони евра и континуирано се зголемува, без притоа да има какви било конкретни проекти или капитални инвестиции кои би имале долгорочен ефект врз економијата.

Експертите предупредуваат дека со вакво темпо на задолжување македонската економија тоне посебно ако се земе предвид фактот дека позајмените пари не се вложуваат во проекти кои би го забрзале растот на економијата, би го поттикнале градежништвото кое е главен двигател на стопанството. Градежништвото постојано паѓа, забележан е пад од 20 отсто додека капитални инвестиции или нема или се стопирани.

Експертите предупредуваат дека со вака лошите економски политики македонската економија нема изгледи да бележи голем раст оваа година и дека најзагрижувачки е фактот што енормните задолжувања не се насочени кон проекти кои се од стратешка важност за државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This