April 24, 2024, 12:35 am

ВЛАДАТА ЛАЖЕ СО НАРОДНИ ПАРИ ВО ИМЕ НА ЕУ: Арсим Зеколи кампањата ја нарече „лага која влече корен од Брегзит“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билбордите платени со народни пари, на кои владата лепи најразлични пораки и ветувања кои треба да се остварат откако Македонија наводно ќе влезе во ЕУ, предизвикаа лавина реакции кај јавноста, особено поради нереалноста и лажната перцепција која се создава за континенталната организација

Меѓу најконтроверзните е онаа за „бесплатно здравство“ во Европската Унија. Имено, фактичката состојба во ЕУ во врска со здравственото осигурување е тотално различна. Земјите членки на ЕУ речиси целосно го имаат приватизирано здравството, а големината и квалитетот на здравствената услуга која го добиваат граѓаните зависи од висината на осигурувањето изразено во пари.

Оттаму, здравството никогаш не било, ниту е бесплатно во унијата. Впрочем, класичен пример дека здравството во ЕУ е драстично поскапо од она во Македонија е и примерот со Грција, од каде илјадници Грци секоја година ги користат услугите на македонските заболекари, за неколкукратно пониски цени.

Коментираше и професорот Арсим Зеколи, кој на Твитер објави фотографија од автобусот на движењето „Брегзит“, со коментар дека и двете кампањи, онаа во Велика Британија и оваа во Македонија се засновани на лаги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This