Владата на Заев на стаклени нозе: Зaбрaната од 90 дена за ypивање на Владата не важи ако соберете мнозинство од 61 пратеник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првичните реакции по потегот на Заев, денеска, веднаш и итно, очигледно во договор со ДУИ, да и се изгласа доверба на неговата Влада, се дека со тоа Заев си купил 90 дена мир, бидејќи прашање за доверба на Владата не можело да се постави во рок од три месеци од денот откако на Владата и е изгласана доверба.

Не е баш сосема јасно што Заев сакаше да постигне со ова, бидејќи очигледно дека бираше момент, ги собра сите свои 62 потрчковци во Собраиието за овој чин, а од друга страна, опозицијата, занесена во својот филм, се најде прилично изненадена. Отприлиа како Сталин кога на 22 јуни 1941 година му рекле дека Хитлер, односно неговата војска, ја минала границата и почнала со напад.

Независно од збунетоста на опзоцијата, што стана нејзин препознатлив знак, повторно се наметнува прашањето за тоа што Заев сакаше да постигне, освен да емитува некаков „Застава“ пропаганден филм по кој неговите министри од типот на Царовска ќе потрчаат со изјави во стилот „браво шефе, колку си умен“ и по кој неговите новинарски загари ќе нотираат уште една победа на „таткото на северниот народ и останатите граѓани“, кој сега си обезеди мир од три месеци.

Зошто не ебаш сосема јасно што Заев сакаше да постигне? Затоа што работите со наводната забрана за повторно гласање доверба на Владата стојат малку поинаку. Имено, Уставот е прилично јасен, а во него „алфа е омега“ е дали имате обезбедено мнозинство од 61 пратеник или немате (како што „61“ е алфа и омега кај проблемот што се јави со давањето односно недавањето мандат за состав на Влада од страна на претседателот на држават што беше актуелно пред четири години).

Оттука, забраната за повторно гласање за доверба на Владата важи за рокот од 90 дена во една ситуација и само една, но таа забрана не важи ако опозицијата обезбедила мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 пратеник.

Оттука:

-Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието.

И ова е член 93 од Уставот кој се примени денеска, а во врска со кој се постапува според одредбите од Деловникот кои предвидуваат гласање како тоа денеска – без расправа.

Уставот не вели ништо повеќе за оваа ситуација, бидејќи не може да му забрани на претседателот на Владата веќе утре, повторно да го постави прашањето за доверба на Владата, ако смета дека е потребно. Уставот ја одвојува таа ситуација од другите опции за гласање доверба на Владата и не ја меша со ситуации кога прашањето ќе го постават 20 пратеници. Ниту за овој начин на изгласување на доверба на Владата врзал одредени забрани. Но, да се согласиме дека оваа банда Уставот ќе го толува „шарено“ и со презервативи на главата.

Втората опција е кога прашањето за доверба ќе го постават 20 пратеници. Тоа е член 92 од Уставот. Во тој случај има расправа од три дена и третиот ден се гласа. Ако на Владата не и биде изгласана недоверба, односно ако таа добие доверба, истото прашање не може да биде поставено на дневен ред во наредните 90 дена. Но како што оваа опција не може да го спречи премиерот самиот да го постави прашањето за доверба на Владата пред истекот од 90 дена (ако толкувате поинаку, дали тоа значи дека премирот не смее да поднесе оставка во наредните три месеци?), така и денешната опција не ги спречува пратеницте да побараат доверба на Владата (20 од нив) иако рековме дека команданти Форина тоа нема да го дозволи.

Но, затоа, забрната има од 90 дена еден јасен, чист и недвосмислен исклучок. Тој исклучок го предвидел самиот Устав во истиот член 92. Според него:

– „Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници.“

Дали го забележувате вториот дел од реченицата во чиј прв дел е предвидена забраната од 90 дена? Значи забраната важи, „…освен ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници“.

Тоа значи дека не постои никаков рок од 90 или било колку денови во кои не може да биде урната Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ, Левица, АА или било која друга групација во Собранието, вклучувајќи го теоретски и самиот СД на Северна Македонија, обезбеди 61 пратеник.

Значи, Уставот вели дека забраната не важи „…ако прашањето за доверба го постави мнозинството од вкупниот број пратеници“, но јасно е дека ако сте обезбедиле 61 пратеник со кои ќе го поставите прашањето за доверба, тие 61 веројатно, доколку не бидат поткупени, ќе и изгласаат и недоверба на Владата. И тоа, може да се случи и во било кој момент независно од денешното гласање, под услов да сте способни да стигнете до бројката од 61.

Оттука, освен обичен пи-ар, селско чаталење и срамотење на таквите како Царовска кои потрчаа со срамното „леле шефе, колку си паметен“, не е јасно што Заев сакаше да постигне со денешниот потег. Зашто, ако ВМРО-ДПМНЕ, теоретски, уште утре собере 61, до понеделник тие 61 пратеници можат да и изгласаат недоверба на Владата.

Дали ВМРО-ДПМНЕ или некој друг може да ги обезбеди тие 61 или ќе продолжи да плаче за тоа каков шверцер бил Заев па они не можеле три дена да расправаат и само може да послужи за некои пратеници да го изрекетираат Заев, е веќе друго прашање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This