Владата прогласи kpизна состојба на дел од територијата на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија на денешната 61-ва седница ги разгледа и усвои Записникот од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 1 април 2021 година, со Записник од седницата на Групата за процена, одржана исто така на 01.04.2021 година и донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението.

Со оваа одлука периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија се определува најмногу до 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.

Во врска со оваа одлука Владата донесе заклучок да се информира Претседателот на Република Македонија и Собранието на Република Македонија, и заклучи да му предложи на Претседателот на Република Македонија да донесе одлука за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Mакедонија во справувањето со кризната состојба.

Владата му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This