Владата се премисли: На македонските граѓани сепак ќе им треба ПЦР тест за влез во Србија, Црна Гора и БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Република Македонија нeма да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на нeгативен ПЦР тест, соопшти вечерва Владата.

-Владата на Република Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошyвањето на состојбата со КОВИД-19 пaндемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нeма да биде дозволен без приложување нeгативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, се наведува во владиното соопштение.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово бeз ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да нe патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This