Владиката Петар: И вo цpквa нoceтe ги мacкитe, нe e cpaмoтa, Господ нeкa ни e нa пoмoш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преспанско – пелагонскиот митрополит г. Петар одржа драматична проповед по литургијата во црквата во Битола, во која жестоко ги нападна оние кои не веруваат во коронавирусот, потенцирајќи дека нивното однесување е најголемата причина за ширење на вирусот, пишува ЛИДЕР.

-Оваа болест не е наивна и не е како што некои велат, за жал и некои свештени лица, кои така велеа, не сакам да именувам, ама и тие заболеа. Кога велеа, дека не постои овој вирус и им велеа на луѓето: „Нема вирус!“ Вирус има! Болеста е присутна, умираат луѓе. Умираат дури патријарси, умираат владици, умираат свештеници, умираат ѓакони, умираат верници, умираат служители во црквите, сите умираат! Никого не поштедува оваа болест! Умираат лекари, врвни лекари умираат од оваа болест! Што значи сериозна е болеста. И јас морам да напомнам една работа, што е многу битна И сега гледав како се однесуваат некои што носат маски. Маската кога ја носите, ко ќе се приближувате, кон оној што треба, да нешто му кажете, тогаш мора да ја ставите, ако сте далеку од него 2 метра и не мора да ја ставите, оти сте заштитени со тоа што сте подалеку од него. А, гледам обратно луѓето прават. Ја носи цело време маската и се загадува од неа и кога е сам, ама ко ќе треба да се приближи до другиот ја вади маската и со него разговара. Проблемот во што е? Овој вирус е опасен и од таа гледна точка, што многу луѓе, што не покажуваат никакви симптоми, дека се болни и не знаат луѓето, дека се болни, ја пренесуваат болеста. И така ги заразуваат, децата ги заразуваат родителите, родителите ги заразуваат татковците и мајките, дедовците и бабите, и така се шири страшно оваа болест – рекол владиката Петар.

Тој откри дека досега починале и двајца свештеници, еден на 78-годишна возраст и најмладиот на 39-годишна возраст, кој не боледувал од никаква болест.

-Сериозна е болеста. Не можам да осудувам како сето тоа се случило, но не заборавајте една работа, што е сигурна, дека ние сме потенцијални убијци, пренесувајќи ја оваа болест. Не е наивна работата! Ако сум ја пренел болеста на некој здрав, а тој умрел од болеста, јас сум го убил него! Сакајќи или несакајќи, знаејќи или незнаејќи! Сериозна е многу работава, браќа и сестри, не е наивна! Ич не е наивна! Исто така, не заборавете, дека не само што сме потенцијални убијци, туку сме потенцијални и самоубијци! Ако ние знаеме, дека некој е заразен од болеста, а ние со него си општиме, си комуницираме, се заразиме, сами сме си ја навлекле болеста и сме станале самоубијци, а самоубиството е најтежок грев. Опростување нема, ако не се покае човек, пред да замине од овој свет. Значи, морам да укажам на овие нешта, мора да сфатиме сериозно, да разбереме, дека не е наивна работава. Битола и Прилеп станаа Вухан Македонски! Она, што беше Вухан таму во Кина, нам ни се пресели тука. Знаете, дека во цела Европа, ако не и пошироко, по смртност сме најмногу, ние, Македонците! А, не заборавајте, дека само во нашата епархија, во изминатава година, вкупно од крстени и венчани заедно, имаме илјада и стотина повеќе умрени. Ние сме нација, што умира! Изумира! Не заборавете, дека треба децата да се раѓаат и да се множат – вели Владиката Петар.

И покрај тоа што Владиката вели дека, работата е сериозна, сепак потенцира дека тоа не значи верниците да не доаѓаат в црква.

-Тоа значи да доаѓате подготвени и со молитва и со сѐ, и со маски… И тука во црквата носете ги, не е срамота. Оставете ги тие свештеници што ви велат или некои други луѓе, па и лекари некои што велат, дека болеста не постои. Е, ако не постои болеста, еве умреа свештеници, што да речеме сега? Умре патријархот српски, умреа владици српски четворица, и? Што да кажеме, дека не постои? Ние сме некако поштедени? Не нѐ штити никого! Треба да сфатиме сериозно, дека опасна е работава! Затоа ве молам, најсериозно да пристапиме кон ова! Пренесете го ова на сите ваши ближни. И да продолжиме да се однесуваме сериозно, како што треба! И немојте да комуницирате без маска еден со друг на растојание помало од 2 метри. Господ нека ни е на помош, да се помолиме, ама и ум во главата! – потеницираше Владиката Петар на литругијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This