April 25, 2024, 12:06 am

Владиката Петар: Невakцинираните може да одат во пekoлот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот, рече митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

– Ние во Синодот сите сме вакцинирани, а и најголемиот број од свештениците се вакцинирани. И луѓе кои се вакцинирале во најмала рака можат да доживеат тешка здравствена слика, но ретко кој од вакцинираните со две дози не починале од коронавирусот. Треба сите да си се исповедаме, оти има многу личности кои асимптоматски го пренесувале вирусот, а не знаеле дека го пренесуваат. На пример, како што вели светиот Василиј, жена која имала спонтан абортус и која не може да биде обвинета дека таа е причина за спонтаниот абортус, таа добива две години забрана за причестување. Ние треба да бидеме сериозни кон оваа болест и мојот апел е сите сериозно да пристапиме и да не дозволиме да се шири пропагандата дека вирусот не постои или дека луѓето се чипуваат преку вакцината, вели владиката Петар.

Разбирам луѓе кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, додава владиката, но како што вели, не може да ги разбере оние луѓе на кои животот им е под знак прашалник, а упорно не се вакцинираат.

– Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше, истакна владиката Петар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This