ВЛАСТА НАЈАВУВА ИМПИЧМЕНТ ЗА ИВАНОВ: Џафери подготвува смена на претседателот на Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анализата која магазин.мк ја објави пред седум (7) дена, кога се гласаа уставните измени со 80 пратенички гласа во поддршка, станува сурова реалност на македонската политичка сцена.

 

Имено тогаш магазин.мк објави дека Заев и Ахмети 80-те пратеници ќе ги искористат и за отповикување на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, процес кој прво се реализира во Собранието на Македонија, а завршува со одлука на Уставниот суд на Македонија од каде исто така треба поддршка од 2/3 мнозинство.

Талат Џафери синоќа појасни дека ,нозинството може да иницира импичмент за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов со помош на 8-те опозициски пратеници кои го поддржаа стартот на уставните измени.

Џафери вели дека може да се покрене импичмент, но прво треба да се види расположението на опозициските пратеници кои во петокот го дадоа гласот „за“.

За да се усвои барањето за импичмент на претседателот потребни се две третини од гласовите што во моментот ги немаме. Би било непотребно да влеземе во процес кој знаеме дека би завршил негативно. За овие теми треба да се разговара со тие пратеници и ако тие дадат поддршка, секако дека тоа ќе се иницира. -изјави Талат Џафери.

Осумте пратеници на ВМРО и коалицијата се поделени во ставовите.

Елизабета Канческа Милевска изјави дека нема да подржи такво нешто. Другите пратеници велат дека не размислувале за таква иницијатива и во моментот немаат јасен став.

Мнозинството ја разгледува можноста импичментот да го воведе како механизам да се спречат можните правни и политички пречки од Иванов за договорот за името.

Во случај на гласање за импичментот, до изборот на нов претседател на државата, надлежностите ги презема претседателот на Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This