Власта не се посветила на ниту еден сектор од општеството, освен на kpиминал и koрупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прво мора да нагласиме дека договорот со Република Грција, договорот со Република Бугарија, неуставниот референдум и постапувањето спротивно на Уставот после него, се дамки кои што засекогаш ќе бидат запишани во срамната историја на СДСМ и Зоран Заев, вели носителот на изборна единица 6 Дафина Стојаноска во вечерашното гостување во емисијата Што сега на Македонската телевизија.

-Де факто ние во државата ја немаме Европа. Ние ја имаме изгyбено довербата во функционерите, и далеку сме од Европа, рече таа.

Со вакви срамни политики и понижувачки договори тоа не Европа, смета Стојаноска.

Стојаноска посочи дека власта не се посветила на ниту еден сектор од општеството, освен на kpиминал и кopyпција, укажувајќи дека со такво владеење никој од надвор не ја гледа Република Македонија за сериозна држава.

Името го сменија нaсилно, но дали чекор напред отидовме? Изминатите 4 месеци се оправдуваат со корона кризата, на ниту една сфера не се посветија максимално, само kpиминал и коpyпција. И дали така нас некој од надвор ќе не гледа за сериозна држава и држава која што може да влезе во ЕУ.

Според Стојаноска, нема повеќе време за грешки, туку одговори политичари кои што ќе го реализираат она што го ветиле пред граѓаните.

-За грешки веќе нема, политичарот мора да биде сериозен и одговорени она за што се обврзал да го реализира, вели Стојаноска.

Стојансока вети дека односот на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните ќе биде транспарентен

Нашите односи со секој еден ќе бидат транспарентни, на јавноста достапни а не зад скриени врати и со задни намери, не со кршење на достоинството.

Стојаноска смета дека Заев изминатите три години спроведил туѓи агенди, прашувајќи каде е сега да каже што и како понатаму.
Заев што направи, за три години може реализирал туѓи агенди, но каде е сега да каже што и како понатаму, прашува Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This