ВЛАСТА ПОБАРАЛА: Македонската влада побарала одлагање на финалното мислење на Венецијанската комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата не можела да стигне со контра одговор на нацрт мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици, па поради тоа побарала одложување на расправата во Комсијата по која треба да се изготви и официјалното мислење на странските екперти за овој закон. Министерката за правда Рената Дескоска вели дека немало доволно човечки ресурси кои ќе одговорат на Венецијанската комсија која пак, излезе со сериозни забелешки за законот за јазици и побара негово ревидирање.

Според агендата на Венецијанската комисија расправата требала да се случи на 11 и 12 октомври, додека пак, конечното мислење странските експерти требало да го дадат до 17 октмври. Но, целиот процес ќе биде одложен некаде кон средината на декември.

Во објавената драфт верзија на Комисијата се наведува дека законот за употреба е неприменлив во делот на судските постапки и може да го блокира целиот судски ситем, преголеми се казните за институциите, а и неговата примена би чинела многу пари.

Владејчката ДУИ, преку вицепремиерот Бујар Османи и пратеникот Артан Груби смета дека законот сепак, може да се примени. Прмеиерот Заев и министерката Дескоска пак, децидни се дека препораките на Венецијанската комсија во целост ќе се почитуваат.

Сепак, СДСМ ќе мора да ги усогласи ставовите со коалициската ДУИ по однос на препораките на странските експерти бидејки неговите измени на законот за јазици ќе бара и Бадентеорово мнозинство во парламентот.

Законот за јазици освен тоа што е на преиспитување пред Венецијанската комисија, тој е и пред макеоднскиот Уставен суд. Инцијативи за оценка на неговата уставност поднесоа професорот Јове Кекеновски, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This