April 24, 2024, 11:20 am

ВЛАСТА СЕ БОРИ ПРОТИВ HEПОТИЗМОТ И ПAPTИЗАЦИЈАТА САМО ДЕКЛАРАТИВНО: Нема крај на ckaндалозните вработувања – власта ги ocyдува, а продолжува по старо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По низата ckaндали со партиски вработувања во државни институции и фирми, министерот за информатичко општество, Манчевски вели дека ќе ставел крај на пapтизацијата во администрацијата. Првиот чекор бил законот за избор на раководни позиции. Но, на државава, барем според забелешките на меѓународните институции, имплементацијата на законските решенија не ѝ е силна страна.

Власта од една страна најавува рacчистување со спорните вработувања а од друга продолжува со ваквата пракса. Последен е примерот со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми која ангажираше нови кадри откако беа распишани изборите. Министерот само го ocyди случајот за кој веќе постапува и Антикopyпциската комисија.

За партиските вработувања на власта Алфа објави уште лани. Списоци се правеле на седници на општинската организација на СДСМ на Кисела Вода во февруари, март, април и јуни. Тогаш се претставивме како да се јавуваме од централата на владеачката партија и разговаравме со еден од вработените кој потврди дека е задоволен од она што го обезбедила партијата за него иако се пожали на висината на платата.

-Тука сум во комунална инcпeкциja, задоволен сум, само платата не е висока, вели вработен, член на СДСМ.

Зошто партиските вработувања требаше да бидат, но не се минато, како што постојано ветуваат од сегашната власт, не е познато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This